Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Охрид помеѓу градовите каде според ЦУК се можни проблеми со атмосферската одведителна мрежа поради обилните врнежи

Охрид помеѓу градовите каде според ЦУК се можни проблеми со атмосферската одведителна мрежа поради обилните врнежи

1 min read
Охрид помеѓу градовите каде според ЦУК се можни проблеми со атмосферската одведителна мрежа поради обилните врнежи

Охрид дожд кеј Македонија знаме центар на градот Охридско Езеро

Скопје/Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали теритотии и за кратко времетраење, можни се локални проблеми и локални излевања на помалите водотеци и суводолици во крајните западни и северо-западни делови од државата, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според истиот извор, пред се’, станува збор за оние кои доаѓаат од планинските масиви Шар Планина, Кораб и Дешат, Стогово и Караорман, Бистра и Јабланица.

Од ЦУК нагласуваат дека ако врнежите бидат поројни и сконцентрирани во градските населени места, Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Охрид, можни се локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа.

– Кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот но нема опасност од излевање на водата од нивните речни корита. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, пред се во западните и северо-западните делови на земјата во текот на вечерните часови, како и за време на претстојната ноќ. УХМР информира дека под влијание на циклонска активност, почнувајќи од вечерните часови, како и во текот на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на цела територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови каде за време на престојната ноќ локално според прогностичките модели се очекува да паднат над 40 литри на метар квадратен дожд, потенцираат од ЦУК. (Крај)

извор: ЦУК фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Прво и второ место за ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ на општинскиот натпревар по шах
Next Стратегија за развој на женско претприемништвo во Општина Охрид 2024-2029

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.