Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Поради извршна постапка попречена продажбата на аудито на Општина Струга

Поради извршна постапка попречена продажбата на аудито на Општина Струга

1 min read
Поради извршна постапка попречена продажбата на аудито на Општина Струга

Струга, 13. март 2026 (ИНПРЕС) – Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби, пренесува МИА.

Општина Струга информира дека градоначалникот Менди Ќура е во комуникација со засегнатите страни со цел процесот да се заврши во интерес на граѓаните.

– Реализацијата на оваа одлука е попречена поради извршна постапка поврзана со долг наследен од 2016 година во вредност од околу 1,4 милиони денари. Поради каматите и пресметките што се вршат од 2018 година, овој долг во моментот изнесува околу три милиони денари, соопшти Општина Струга.

Случајот, како што нагласуваат, е уште еден показател за наследената тешка финансиска состојба.

Автомобилот, ауди А6, кој Општина Струга го купи 67.000 евра, во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко крена дебата во јавноста дека е набавен во време кога општината била со блокирана сметка. Против Мерко се водеше судски спор, на кој судот во Струга одлучи дека нема вина за набавката на луксузното возило. (Крај)

МИА/Слаѓана Стојкова-Костоски фото: архива

Post navigation

Previous Утре е Летник: Тоа што ќе го правите утре, ќе го правите цело лето
Next Благо намалување на езерскиот водостој, но и натаму е над месечниот просек

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.