Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пристигна првата пријава за отпад на апликацијата TrashPinger, локацијата ќе се чисти во сабота

Пристигна првата пријава за отпад на апликацијата TrashPinger, локацијата ќе се чисти во сабота

1 min read
Пристигна првата пријава за отпад на апликацијата TrashPinger, локацијата ќе се чисти во сабота

Охрид, 20. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Откако од неодамна стана достапна на Play Store, на првата апликација за пријавување диви депонии TrashPinger, пристигна и првата пријава.

Локацијата е на улицата „Марко Цепенков“, а ѓубрето ќе биде исчистено оваа сабота.

– Во координација со нашите партнери, оваа сабота одиме да го исчистиме отпадот. Секој што сака да се придружи во оваа акција е добредојден на 22-ри февруари во 11:00 часот пред Миса, Видобишта. Сите заедно за почист Охрид! Ping, clean, repeat, порачуваат од тимот на TrashPinger.

Средношколци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид во 2023 година ја креираа првата апликација за пријавување диви депонии TrashPinger. Творци се учениците Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко Крлески, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска. Велат целта е подигнување и промовирање на еколошката свест, но и помош на комуналната служба. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридската библиотека доби 1 160 000 денари поддршка од министерството за култура за реализација на 17 проекти
Next Mилион евра грант од Кралството Шпанија за Охридското Езеро

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.