Охрид, 26. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во вторник, 30 јуни, охриѓани и посетителите на градот ќе имаат можност да уживаат во музичкиот проект „Распеана чаршија“,во организација на музичката група ВИС „Билјана“.
Настанот ќе започне во 19:30 часот со свечено дефиле низ охридската чаршија, кое ќе внесе празнична атмосфера и ќе ги оживее старите градски улици со музика и песна.
Програмата продолжува во 20:00 часот со концерт кај Чинарот, каде ВИС „Билјана“ ќе настапи со репертоар исполнет со македонски староградски и народни песни, создавајќи вечер посветена на традицијата, музиката и духот на Охрид. На концертот задно со нив ќе настапи и КУД „Далги“ при Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
