Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свети маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул

Свети маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 1. јули 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул.

Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните.

Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, извикајте трипати кон небесата, ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев, помогни ми!“ Ова свое видение Ипатиј им го раскажа на своите другари и тие сите едногласно извикаа како што ги посоветува ангелот. Ипатиј одеднаш оздраве.

Ова чудо ги восхити сите, а особено еден од нив по име Теодул. Тогаш Ипатиј и Теодул отидоа напред, да го најдат војводата Леонтиј. А Леонтиј ги прими убаво и ги нагости. Кога им ја изложи својата вера во Христа, нивните срца се разгореа со љубов кон Него, и во тој час светол облак се спушти над Ипатиј и Теодул и од облакот падна на нив роса. Со ова Самиот Дух Божји ги крштеваше новообратените души, а свети Леонтиј во оној миг ги изговори овие зборови: „Во името на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух“. Кога дозна Адријан дека и Ипатиј и Теодул станале христијани, нареди да ги бијат безмилосно, а потоа главите да им ги отсечат со секира.

Такво беше кончанието на тие две духовни чеда на свети Леонтиј. Тогаш Адријан наложи лути измачувања за Леонтиј, но тој остана непоколеблив во својата Света вера. Телото цело му го покрија со рани, но светителот усрдно Му се молеше на Бога да не го остава. Сред најлутите маки му се јави ангел Господов и го охрабри и го утеши.

Најпосле го легнаа маченикот на земја и го тепаа додека не Му го предаде својот дух на Бога. Страдањето на свети Леонтиј го виде со свои очи еден кир Нотариј, којшто сето тоа го запиша на оловни плочи, а плочите ги положи во гробот на маченикот. Свети Леонтиј пострада чесно во 73 година.

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево време со умерена облачност, услови за локален дожд попладне и температура до 27. степени
Next Денеска промоција на книга за пловните објекти и веслањето низ историјата од Здравко Тупаре

Слични вести

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
1 min read

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.