Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Младиот Јован Кутаноски од Струга, повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е голем талент поддржан во кампањата на АСОМ

Младиот Јован Кутаноски од Струга, повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е голем талент поддржан во кампањата на АСОМ

1 min read

Скопје/Струга, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – Деветгодишниот Јован Кутаноски од Струга кој е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Станува збор за исклучителен талент кој на свои 3 години успеал да комплетира триатлон и е носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства.

Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и првото место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.

– Посебно нѐ радува што обезбедивме поддршка за млад талент кој уште во текот на првиот циклус преку своите родители пројави интерес за учество во кампањата. Талентот и енергијата кои Јован ги поседува се навистина импресивни, а неговите резултати говорат дека се работи за дете со огромен потенцијал, пред кое стојат уште многу успеси со кои нашата држава ќе се гордее, истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Јован покрај освоените медали на натпреварувањата во триатлон, дуатлон и акватлон, лани го освоил и второто место на државното првенство во кајак, како и првото место во Купот на далечинско пливање кое неодамна се одржа во Преспа.

Неговата мајка вели дека сите овие успеси и жедта на Јован за нови предизвици била причина таа да го пријави за учество во кампањата.

– Навистина сум благодарна што Јован стана дел од кампањата „Вложуваме во млади таленти“ и што пред сѐ ќе добие можност за промоција на неговиот талент во триатлон, дуатлон и акватлон, бидеќи се работи за спортови кои во јавноста се малку експонирани. Секако значајна е и финансиската поддршка која ќе ни помогне Јован да го претстави својот талент надвор од нашите граници, истакна Ѓурѓица Кутаноска, мајка на Јован.

Преку кампањата „Вложуваме во млади таленти“ која се имплементира втора година по ред, AСОМ како општествено одговорен субјект обезбедува поттик и поддршка за развој на младите таленти од областа на спортот, уметноста и науката, со што дава значителен придонес за заедницата.

извор: ПлусИнфо фото: ПлусИнфо

Post navigation

Previous Светскиот ден за борба против хепатитисот ќе се одбележи во Охрид и Струга
Next Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.