Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Со хуманитарна акција, Црвен крст Охрид ќе ги одбележи Светскиот ден и Неделата на борбата против гладта

Со хуманитарна акција, Црвен крст Охрид ќе ги одбележи Светскиот ден и Неделата на борбата против гладта

1 min read

Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со организација на хуманитарна акција, охридскиот Црвен крст ќе ги одбележи Светскиот ден и Неделата на борбата против гладта.

– Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар и слично, и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат. Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е енергетската криза со што се продлабочи несигурноста во обезбедување и подготовка на храна. Социјално ранливите семејства често бараат храна токму во Црвениот крст, кој има улога да го намали страдањето и да им даде поддршка во најтешките моменти. За таа цел Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“ под мотото „Помислете и на нас“ со цел да се поттикнат граѓаните и компаниите, активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција, информираат од Црвен крст Охрид.

Оваа година, Меѓународниот ден на борба против гладта, 16-ти Октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 Октомври) ќе се одбележат со активности насочени кон прибирање на доброволни прилози во прехрамбени производи и парични средства од хуманите наши сограѓани и општествено одговорните компании, наменети за набавка и подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

– Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 Октомври во повеќе градски маркети ќе бидат поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи. Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници. Упатуваме апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца, потенцираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Здравје: Три појадоци кои ја зголемуваат енергијата
Next Светски ден на занаетчиството, ракотворци од Охрид и Струга ќе ги претстават делата на посебна изложба

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.