Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Српскиот државен и црковен врв порача дека нема признавање на Косово

Српскиот државен и црковен врв порача дека нема признавање на Косово


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 21.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот државен и црковен врв, заедно со претставниците од Српската академија на науките и уметностите (САНУ), по состанокот во вторникот ги повика членките на УНЕСКО да го одбијат барањето на Косово за членство во оваа институција, пренесуваат српските медиуми.

На состанокот било истакнато дека Србија нема да ја признае независноста на Косово и дека ќе го продолжи патот кон Европската унија (ЕУ), со одржување и унапредување на традиционално добрите односи со Русија, Кина и останатите земји.

– Сите институции и државни органи на Србија остро се спротивставуваат на приемот на Косово во УНЕСКО и ги повикаат членките на оваа организација да го одбијат барањето на Косово и земјите кои го поддржуваат ова. Српските цркви и манастири на Косово и припаѓаат на Српската православна црква и Србија, и секое одземање на ова наследство би значело недвосмислено загрозување на најзначајните религиски, културни и историски споменици на српскиот народ, било порачано на состанокот на кој присуствуваа српскиот премиер Александар Вучиќ, претседателот Томислав Николиќ, српскиот патријарх Иринеј, како и останатите претставници од владата и од САНУ.

Србија ќе го продолжи својот пат кон Европската унија, со одржување и унапредување на традиционално добрите односи со Русија, Кина и остантите земји. Исто така, дијалогот во Брисел помеѓу Белград и Приштина треба да продолжи, а српската Влада и нејзината делегација имаат целосна слободна, во рамките на Уставот на Република Србија, да донесат компромисни решенија, со кои на Србите и Албанците би им се овозможила подобра соработка и заеднички живот во иднина, стои во соопштението од кабинетот на српскиот претседател Николиќ.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Средба Коѕиас-Нуланд во Атина
Next Два хрватски ловци – МИГ пресретна „сомнителен“ патнички авион од Бејрут

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.