Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Супер успешна акција на Жито леб, собраните средства донирани за Бојана

Супер успешна акција на Жито леб, собраните средства донирани за Бојана

1 min read
Супер успешна акција на Жито леб, собраните средства донирани за Бојана

Жито леб донација Бојана

Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како никогаш до сега, Охриѓани купуваа наши производи, а целиот дневен промет од сите наши пекари во Охрид го донираме за Бојана да го продолжи своето лекување, порачаа од охридската компанија Жито леб, која вчера имаше акција која е навистина за поздравување.

Имено, целиот промет од сите пекари во Охрид остварен во текот на вчерашниот ден, од компанијата го донираа за лекување на Бојана.

– Хуманоста и солидарноста уште еднаш го покажаа своето лице. Ви благодариме на сите од сè срце, порачаа од компанијата.

Како толку пати претходно, охриѓани ја докажуваат хуманоста и со бројни акции и иницијативи собираат средства за помош на сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.

Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:

денарска сметка: 200003057020079 MKD

IBAN: МК07200004151704073 AUD

IBAN: МК07200004151699514 EUR

IBAN: МК07200004151698059 SCF

IBAN: МК07200004157877153 USD

Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.

Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во август во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга и Дебрца по едно
Next Во Охрид ќе се одржи симулациска вежба за размена на информации за криумчарење мигранти и трговија на луѓе

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.