Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 9. мај 2023 (ИНПРЕС) – Продолжуваат успесите на талентираниот охриѓанец Лео Нелоски, ученик во деветто одделение во ОУ „Григор Прличев“.
Тој го освои првото место и златен медал на Меѓународниот натпревар во Босна и Херцеговина, во областа на физиката, на тема „Хидраулика и нејзината примена“.

На натпреварот учевствуваа 450 ученици од основните училишта од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Ова е само доказ дека Нелоски го одржува континуитетот кога се во прашање успесите и тоа на повеќе полиња како математика и биологија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
