Скопје, 3. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Прво кампања па да почне примената на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во министерството за економија и труд.
Ресорниот министер Бесар Дурмиши одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе следи уште еден состанок, најверојатно идната недела на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, каде ќе се разгледаат сите можности.

– Ги слушнавме забелешките на угостителите кои побараа временски период до стапување во сила на Законот, односно да одиме прво со кампања па потоа со информација додека почне примената, за да бидат на некој начин подготвени. Ние ќе им повториме која е целта, наша цел е да се грижиме за јавното здравство, тоа ќе им го кажеме и на крај ќе донесеме одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите, изјави Дурмиши.
Министерот не кажа дали е можно одложување на спроведувањето на Законот што треба да почне од 1-ви март, тоа ќе се знае по следниот состанок на кој се надева дека ќе се донесе одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
