Сини вирој Белчишко блато Општина Дебрца
Дебрца, 3. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Започна постапката за донесување Предлог Закон за прогласување на Белчишко блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, информираа од министерството за животна средина и просторно планирање.
Содржината е објавена и на системот ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи и може да се дадат забелешки, мислења и предлози. Од министерството потенцираат дека учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население.
Белчишко блато претставува значајно живеалиште со висока биолошка разновидност лоцирано во Општина Дебрца и е важно за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови од национално и ЕУ значење, како и за одржување на природната рамнотежа и екосистемските услуги на регионот. Водено подрачјето е веќе идентификувано како идно Натура 2000 подрачје. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
