Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре се одбележува денот на сообраќајната култура. Ја имаме ли на охридските улици?

Утре се одбележува денот на сообраќајната култура. Ја имаме ли на охридските улици?

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 10. мај 2024 (ИНПРЕС) – Утрешниот ден, 11-ти мај е посветен на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот.

Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11-ти мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена ореганизација, за првпат е организиран настан кој прерасна во традиционална манифестација позната како „Ден на културата во сообраќајот“.

Сообраќајната култура претставува начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесници во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Секоја чест на исклучоците, но сообраќајната култура, етиката, толеранцијата во сообраќајот, сè уште не се на задоволително ниво.
Она што треба да биде нормално сообраќајно поведение, придржување кон знаците, правилата и прописите се почитува или кога ќе има присуство на полициски службеници или ако за истото се пишуваат казни.

На оваа тема сме пишувале многу пати, но постојано е актуелна.

Низ Охрид секојдневно сме сведоци, а до нашата редакција пристигнуваат и фотографии на автомобили поткачени на тротоар, оставени на велосипедска патека, скутери и мотори оставени на тротоар, велосипедисти кои возат по коловоз иако имаат обележана велосипедска патека, преминување улица на небезбедни места, прескокнување граничници на кружните текови…

Зголеменото присуство на полициските службеници ги научи возачите да ги пропуштаат пешаците на пешачките премини, а пешаците во голем дел се научија да префрлаат улица на обележано место, иако рака на срце и понатаму има такви кои претрчуваат на пример на булеварот „Туристичка“, кај Шпаркасе банка, иако тука од поодамна веќе нема пешачки премин.

Граѓаните бараат почитување на сите постоечки законски регулативи и ставање ред, истите да важат подеднакво за сите.

Дел потсетуваат дека се итно потребни толку ветуваните катни гаражи, особено во централното градско подрачје, со што се очекува конечно да се стави ред и во оваа област.

Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот. Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен, но затоа секој од нас преку личен пример треба да придонесе за побезбеден сообраќај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро на 5 сантиметри над просекот за мај
Next Денес селективен тест за прием на ученици во паралелката за фудбал на ДСУ „Спортска академија“ во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.