Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЦЈЗ: Топлото време носи ризик од труење со храна

ЦЈЗ: Топлото време носи ризик од труење со храна

1 min read

Охрид, 19. јули 2023 (ИНПРЕС) – Од охридскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) предупредуваат на ризикот од труење со храна во текот на летото, особено при актуелниот топлотен бран.

Високите температури и високата влажност се идеални услови за растење и размножување на патогените бактерии-причинители за труењето со храна.

– Храната која редовно ја конзумираме, поради различните услови, може да ги промени своите особини и постане опасна. Некои производи имаат поголем ризик од труење со храна, како што се јајца, месо, риба, млечни производи. Кампувања, летување, излети…понекогаш се претвораат во вистински рај за бактериите, на луѓето оставаат оставаат многу непријатни стомачни тегоби, а децата се особено чувствителни. Труењата со храна можат да предизвикаат и потешки компликации, особено кај децата, па затоа треба да се реагира уште на првите симптоми. Симптомите зависат од причинителите на болеста, а се појавуваат еден до 36 часа после внесот на затруена храна и можат да траат неколку дена, посочуваат од Центарот.

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст

Најчести симптоми на труење со храна се мачнина, повраќање, болки во стомакот, дијареа и покачена телесна температура. Во насока на намалување на ризикот од труење со храна меѓу другото се препорачува темелно миење на овошјето и зеленчукот, храната да се чува на ладно место и да се разделува, свежо месо и риба не смее да бидат заедно со производите кои термички не се обработуваат.

Апелираат при појава на било кој симптом што укажува на труење со храна, лицата да се обратат кај матичен лекар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Почнува шестото издание на „Beach Film Festival“ во Охрид
Next 10 најубави места во поранешна Југославија, Охрид е втор на листата

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.