Охрид, 27. април 2026 (ИНПРЕС) – Од 23 до 26 aприл на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид се одржа 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“.
На настанот учествуваа 70 екипи или 1100 деца од 5 држави, а се играше во шест возрасни категории и беше вистинска можност за спортско уживање.


– ОФК „Језеро“ од Црна Гора освои 3 први места во генерација 2014 2017 и 2018. „Душановац“ од Белград освои 2 први места во генерација 2015 и 2016, „Јанг тим“ Струга осви едно прво во 2013 и едно 3 место 2017, „Ускана“ освои две втори места во генерација 2018 и 2014 ,„Ултрас“ Струга освои две 3 места генерација 2015 и 2016, домаќинот „Фер плеј“ освои едно 3 место и „Динамо“ Феризај освои едно прво место 2016 и едно второ во 2017 година, информираат за InPress и Супер радио од клубот Фер Плеј.

На овој турнир учество зедоа и децата со посебни потреби и децата со ретки болести. (Крај)
извор: ИнПрес фото: Фер Плеј
