Охрид, 28. април 2026 (ИНПРЕС) – Дел од централното градско подрачје во текот на денов ќе биде без вода поради сервисирање на мрежата.
– Поради сервисирање на повеќе вентили од поголем профил во централното градско подрачје, вторник, на 28 април 2026 година, од 08:00 часот до завршување со активностите, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“, кеј „Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“, „Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“, дел од булевар „Туристичка“, „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“, „Петар Чаулев“, „11 октомври“, дел од „Климентска“ и дел од „Гоце Делчев“, информираат од ЈП „Водовод“ од Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
