Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Андоноски: Поставувањето на рампите е по барање на УНЕСКО, за да се ограничи движењето во стариот дел на Охрид

Андоноски: Поставувањето на рампите е по барање на УНЕСКО, за да се ограничи движењето во стариот дел на Охрид

1 min read

Охрид, 13. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Од следната недела се очекува да бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот.

Нивното поставување е по барање на УНЕСКО, за да се ограничи движењето во стариот дел на Охрид, вели за Супер радио и InPress Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“.

Според планот системот ќе работи како и претходно. Моментално се монтираат рампи, а во тек е носењето на сообраќајното решение што го прави Општина Охрид. Рампи ќе има на „Македонски Просветители“, кај споменикот „Фаќач на крст“ и кај Горна Порта.

– Ќе се применува истиот принцип, со картички. Ќе има за жителите на Стар град, за добавувачи, а ќе има и за граѓаните што имаат куќа таму а живеат на друга адреса. За граѓаните кои издаваат сместувачки капацитети, картички ќе има за тие што имаат сопствен паркинг, а тоа ќе го утврди комисија на јавното претпријатие, на лице место ќе се утврди каде ќе ги паркираат автомобилите. Во овој период ќе има лице што ќе ги отвора рампите за оние кои ја немаат подигнато картичката, истакна Андоноски.

Како и изминатите години од 20:00 часот па до раните утринкси часови ќе биде затворена рампата кај споменикот „Фаќач на крст“ и ќе биде забранет сообраќај.

Со ова ќе биде комплетиран системот за паркирање во центарот на градот. Неодамна од ЈП „Билјанини извори“ поставија нов наплатен пункт за паркинг во центарот на градот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во охридските основни училишта се запишани 445 првачиња
Next Успешен настап на атлетичарите на АК „Охрид“ на Купот на Македонија за сениори

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.