Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

1 min read
15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани во среда со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Охрид, 1. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Со ретроспективна изложба и премиера на претставата „Оркестар Титаник”, Народен театар Охрид во среда, 3 јуни, ќе одбележи 15 години од основањето.

46 премиера „Оркестар Титаник” е по текст на Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветаноvски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со охридската публика и носат нова искуствена вредност во самиот ансамбл.

-Токму затоа, ни претставува чест, што токму неговата постановка ќе го одбележи отворањето на јубилејната 15 година на Народен театар Охрид. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Верица Недеска и Томе Станковски, информираат од театарот.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот.

Половина час претходно, во Галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена и изложбата „Историска патека на театарски претстави“ каде посетителите ќе можат да искусат еден ретроспективен времеплов, движејќи се низ деталите од впечатливи костими и сценографии од секоја една претстава што се одиграла во Народен театар Охрид.

Сезоната 2026 се реализира со делегиран буџет, истата е дизајнирана во духот на јубилејот, а се очекува да биде една од најпродуктивните сезони, со дури шест продукции од кои три се наменети за најмладата публика. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous На ФТУ минатата година дипломирале 80, на УИНТ „Свети Апостол Павле“ 42 студенти
Next Денес акција за собирање текстилен отпад

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.