Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 2Bona и Лозано ја објавија првата заедничка песна „Минус и плус“

2Bona и Лозано ја објавија првата заедничка песна „Минус и плус“

1 min read
2Bona и Лозано ја објавија првата заедничка песна „Минус и плус“

Скопје, 26. март 2026 (ИНПРЕС) – Момците од 2Bona и Влатко Лозаноски – Лозано ја објавија нивната прва заедничка песна насловена „Минус и плус“.

– „На македонската музичка сцена недостасуваше нов, свеж и несекојдневен музички проект, „Каква спојка, браво момци“, „Спојкава може цел албум да направи заедно“, се само дел од коментарите.

Инаку, музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и 2Bona, што резултира со современ звук и препознатлива енергија. Зад видеото стои режисерот Стефан Димитриески- Steadyflow кој со креативен пристап и модерен визуелен јазик ја доловува приказната на песната.

За соработката и првичните реакции, за медиумите проговорија и самите артисти.

– Искрено, презадоволен сум – го погодивме vibe-от што го сакавме. Реакциите се топ и тоа ни е најбитно. Се покажа дека трудот се исплатеше. Драго ми е што луѓето го препознаваат тоа, вели Тони.

– Долго време сакавме да направиме песна со Влатко и неколку пати го дискутиравме тоа со Лазар во студио. Знаевме точно што сакаме и какви ќе бидат реакциите, изјави Кун.

– Одлични се реакциите и тоа навистина ме радува. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина ќе слушнете уште нова музика од нас, беше коментарот на Лозано.

„Минус и плус“ е доказ дека различностите можат да создадат вистинска магија кога ќе се спојат на вистински начин. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Граѓаните бараат чести контроли за паркираните автомобили на тротоар на улицата „Питу Гули“ (Фото)
Next Викендов започнува летното сметање на времето

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.