Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Врвни борби на првото Државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија, најтрофеен клуб беше „ХВА РАНГ ИТФ“

Врвни борби на првото Државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија, најтрофеен клуб беше „ХВА РАНГ ИТФ“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 16. март 2023 (ИНПРЕС) – Врвни борби покажаа теквондистите учесници на првото Државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија во органзиција на клубот „Мастер“ од Охрид.

Учество зедоа 63 натпреварувачи од клубовите: „Мастер“ од Охрид, „Ахилиус“ од Скопје, „ХВА РАНГ ИТФ“ од село Лескоец, „Сонкал“ од село Мислешево, Струга и „Чонџи“ од село Косел.

Натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубови, некои од нив се бореа за место во репрезентација за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Језоло, Италија од 17-ти до 24-ти април. Учесниците направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма, вели претседателот на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ), Марјанчо Лазаревски.

– Најдобра борба покажаа Климент Богоески од „ХВА РАНГ ИТФ“ против Лука Тодороски од „ЧОНЏИ” кои мораме да ги пофалиме за врвната техника, а за најдобар борец беше избран Владимир Димитриевиќ од „МАСТЕР” освојувајќи 1 место – спаринг јуниори, -60кг, 14-17 години, 1 место форми јуниори 2-/1куп Црвен/црвен виши појас 14-17 години, 1 место- спаринг сениори, -80 кг, 18-39 години, со што се избори за место во репрезентација за наредното Европско првенство. Се заблагодарувам на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Македонската Традицонална Теквондо Федрација и на Општина Охрид како покровители, како и на генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“, истакна Лазаревски.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Најдобар клуб на првото Државно првенство во Таеквон-до ИТФ е клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, со освоени 14 златни, 16 сребрени и 15 бронзени медали. На второто место се најде организаторот, клубот „Мастер“ со освоени 7 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали. Трето место освои клубот „Сонкал“ со 4 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал, четврт беше клубот „Ахилиус“ со освоени 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали, а на петто место клубот „Чонџи“ со 3 сребрени и 7 бронзени медали.

На 1-ви април МТТФ ќе учествува на Меѓународен отворен Таеквондо ИТФ натпревар „С.И.Т.А. ОПЕН 2023“ во Лозница, соседна Србија, додека од 17-ти до 24-ти април теквондистите ќе учествуваат на Европско првенство во Језоло, Италија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Трајковски: Ќе ги објавиме називите на субјектите кои нема да ги почитуваат мерките за намалување и замрзнување на цените
Next „Гладијаторите“ подготвени за утрешниот меч со Вардар

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.