„Гладијаторите“ подготвени за утрешниот меч со Вардар

Охрид, 17. март 2023 (ИНПРЕС) – „Гладијаторите“ со полн интензитет се подготвуваат за натпреварите од Купот на Македонија, закажани за претстојниот викенд.

Во рамки на групата 1 од четвртфиналните средби, ГРК Охрид утре во Скопје се среќава со Вардар.

Атмосферата во екипата е одлична, во погон се сите играчи со исклучок на Даниел Андоновски и Абдерахим Боурдали, кои сé уште се опоравуваат од повредите.

Можно е да е слика од 7 луѓе и луѓе што спортуваат

– Не одиме со бело знаме во Скопје на мечот со Вардар. Ќе дадеме сé од себе на натпреварот со тешкиот противник, кој ќе го искористиме и за подигање на формата за исклучително значајните мечеви од плејофот кои ни следат, изјави шефот на стручниот штаб Горан Андоновски.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Натпреварот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“ од 17:00 часот. Победникот од оваа средба ќе вкрсти со подобриот од дуелот РК Јуниор КВ и РК Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива