Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре времен сообраќаен режим од Стража до тетовски Групчин

Утре времен сообраќаен режим од Стража до тетовски Групчин

1 min read

Тетово, 3. април 2023 (ИНПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува и посетува граѓаните дека утре, вторник, 4-ти април 2023 година, од 11:45 до 13:15 часот на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржување на пригодна свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар.

Во овој период целосно ќе биде запрен товарниот сообраќај, при што товарните возила кои ќе бидат затекнати на автопатот ќе се исклучуваат од сообраќај, а ќе бидат отворени сите регионални патни правци на подрачјето кои ќе се користат за таа намена.

– Што се однесува до патничкиот сообраќај од Скопје кон Тетово ќе се одвива до клучката Југ и потоа ќе се пренасочува по регионалните патишта, а од Гостивар кон Тетово ќе се одвива до клучката Камењане и ќе се пренасочува по регионалните патишта, порачаа од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат наредбите и насоките од полициските службеници, како и сообраќајната сигнализација која дополнително ќе биде поставена на овој потег. (Крај)

извор: Press24 фото: архива

Post navigation

Previous Се ограничуваат цените на дел од овошјето и зеленчукот
Next Викендов стартуваше летната тарифа за наплата на паркинг во Охрид

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.