Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 6. април 2023 (ИНПРЕС) – Отворена новата лабораторија наменета за надополнување на активностите во полето на еколошка едукација и на работата на НП „Галичица“ во редовните мониторинг активности.
Оваа активност е во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во НП Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT , а спроведуван од страна на истражувачкото друштво „Урсус Спелеос” и Црвен крст Охрид.


Лабораторијата е опремена со соодветна опрема, микроскоп, флакони, епрувети, епендорфи, пинцети, мензури, стаклени чашки, петриевки и слично.
На отворањето беа презентирани активности во полето на еколошка едукација, тригодишниот проект од страна на Црвен Крст – Охрид и истражувачките активности кои се спроведуваат поврзани со пештерските екосистеми од страна на друштвото „Урсус Спелеос“ од Скопје. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
