Охрид, 11. мај 2023 (ИНПРЕС) – Со полуфиналните натпревари во машка конкуренција, денеска во Охрид започнува ракометниот Куп на Македонија.
Согласно ждрепката, Вардар ќе се обиде да го одбрани трофејот вкрстувајќи со Алкалоид, додека актуелниот лидер на првенството Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Пролет. Во женска конкуренција ќе се сретнат ЖРК Вардар и Ѓорче Петров, а втората двојка ја сочинуваат бранителот на титулатра Металург и екипата на Куманово.
Денес од 17:30 часот играат Еурофарм Пелистер и Пролет, а од 20:00 часот Алкалоид и Вардар.

Утре воистите термини играат жените, тимовите на Металург и Куманово, односно Вардар и Ѓорче Петров.
Финалните натпревари ќе се играат в сабота, на 13-ти мај и тоа од 15:00 часот во женска, а од 18:00 часот во машка конкуренција. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
