Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 39 медали за Македонската традиционална таеквондо федерација од „Гран при Зворник 2023”

39 медали за Македонската традиционална таеквондо федерација од „Гран при Зворник 2023”

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 30. мај 2023 (ИНПРЕС) – Уште еден успешен настап во низа за Македонската традиционална таеквондо федерација.

Викендов учествуваа на еден од најсилните и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона, Меѓународниот таеквон-до ИТФ А класа натпревар „ГРАН ПРИ Зворник 2023“ во Босна и Херцеговина, а македонската експедиција ја сочинуваа 33 натпреварувачи, двајца судии, шест тренери и три официјални лица.

Натпреварувачите беа од клубовите: Хва Ранг ИТФ од Лескоец, Сонкал од Мислешево, Чонџи од Косел, Мастер од Охрид и Ахилиус од Скопје, а освоија вкупно 39 медали, од кои 10 златни, 8 сребрени и 21 бронзен.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски и овојпат не го криеше задоволството од постигнатото, а вели посебно изненадување беше од дебитантите кој имаа 8 години.

– Учествуваа околу 450 натпреварувачи, од 50 клубови од 15 земји ширум Европа, од Србија, Словенија, Грција, Бугарија, Македонија, БиХ, Хрватска, Романија, Италија, Австрија, Унгарија, Чешка, Естонија, Украина и Велика Британија. Ѓорески Теодор од таеквондо ИТФ клуб Сонкал освојувајќи бронзен медал во спаринг деца 8-10 години -30 кг, кој после две последователни победи , беше победен во полуфиналето од страна на судиите во корист на претсавникот од Украина, а истотака и Јосифоски Димитар од ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид освојувајќи сребрен медал во спаринг деца 8-10 години -25кг. Презадоволен сум од тренерите, судиите и официјланите лица кои најпрофесионално си ги извршија своите обврски. Благодарност упатувам до генералниот спонзор ПН Метал и Агенцијата за млади и спорт, вели Лазаревски.

Освоени медали по клубови

Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга
– 3 златни, 2 бронзени
Таеквон-до ИТФ клуб ЧОНЏИ Косел Охрид
– 1 сребрен, 1 бронзен
Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид
– 2 златни ,2 бронзени
Таеквон-до клуб АХИЛИУС Скопје
-1 златен , 1 сребрен, 2 бронзени
Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид
– 4 златни, 6 сребрени, 14 бронзени

Теквондистите тука не застануваат. Веќе следниов викенд заминуваат за Бугарија, на престижниот А класa натпревар „Софија опен 2023”, по што ќе се подготвуваат за организирање на Меѓународниот таеквон-до ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023” по сите европски стандарди. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пендиков се врати во Охрид да даде изјава пред истражителите, ќе присуствува и на утрешното судење
Next Годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.