Охрид, 28. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Новинарката и дописничка на BBC од Вашингтон Suzanne Kianpour по реакциите во македонскиот, со посебен акцент на охридскиот дел од интернетот, дообјаснува дека била погрешно разбрана за своите чувства кон Охрид кои ги изложила на Twitter.
Таа во реакција до порталот expres.mk вели дека твитот во кој вели дека Охрид е најужасно место е сарказам и дека всушност таа се вљубила во Охрид каде пристигнaла за прв пат на 25-ти јуни.
По само два дена таа го имала најмагичниот ден од сите свои патувања во сите 70 досега посетени земји.
– Сарказмот е најниската форма на духовитост, рекол Оскар Вајлд… и очигледно не секогаш патува добро, пишува таа во пораката.
Два дена подоцна, на 27-ми јуни, го имав најмагичниот ден – победувајќи ја секоја друга земја од над 70-те во кои сум била, објавува Kianpour откако стотици Македонци реагираа на нејзиниот твит кој предизвика негативни емоции.
извор: expres.mk фото: expres.mk
