Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Центарот за јавно здравје со апел надлежните да преземат мерки за решавање на проблемот со депонијата Буково

Центарот за јавно здравје со апел надлежните да преземат мерки за решавање на проблемот со депонијата Буково

1 min read
Центарот за јавно здравје со апел надлежните да преземат мерки за решавање на проблемот со депонијата Буково

Охрид, 4. август 2023 (ИНПРЕС) – По последните случувања околу депонијата Буково со палењето на ѓубрето и мирисот на чад што се чувствува и во градот, особено во утринските и вечерните часови, од охридскиот Центар за јавно здравје со апел за претпазливост до лицата кои се на терен и до граѓаните.

Бараат надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и активности за решавање на проблемот, а граѓаните кога ќе почувствуваат мирис на чад да не ги отвораат прозорците и да останат во своите домови.

– Деновиве, особено во вечерните и раните утрински часови, во Охрид и пошироката околина видлива е заматеност во воздухот и се чувствува непријатен мирис на чад, неофицијално, предизвикано пред се од горењето на комуналната депонија во Буково. Поради опасноста што може да ја предизвика опасниот чад предизвикан од неконтролирањето спалување/горење на комуналниот отпад, врз здравјето на луѓето, Центар за јавно здравје апелира до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и активности за решавање на проблемот. Особено предупредуваме луѓето кои непосредно ќе учествуваат во справувањето со комуналниот смет на депонијата која гори, да користат соодветни заштитни средства (маски, очила и сл.) Апелираме до граѓаните на Охрид, гостите, туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на депонијата во Буково, во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците и доколку почувствуваат мирис на чад, да останат во своите домови, стои во апелот од Центарот за јавно здравје.

Инаку, речиси една недела гори депонијата Буково. Ветерот го разнесува чадот, а одговорните тврдат дека прават обиди и напори да се санира состојбата. Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат преземени се мерки за гаснење на пожарот на депонијата „Буково“. Изминатава недела биле подметнати два пожари на оваа локација, депонијата е третирана со алги, а со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Бобан Мирковски утревечер ќе одржи концерт под небо од ѕвезди со одбрани хитови од 60-тите години па сé до 2000 на Долни Сарај
Next АХВ: Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.