Охрид, 6. септември 2023 (ИНПРЕС) – Пепи Џигероски повеќе не е тренер на ГФК Охрид Лихнидос информираат од клубот, од каде му се заблагодарија за досегашната соработка.
До пронаоѓање на решение екипата ќе ја води доскорешниот помошен тренер Александар Толески.
Џигероски дојде на местото на Драган Бочески и ги предводеше охридските фудбалери од октомври 2021 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива