Охрид, 16. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а поддржано од ЕФМ и Општина Охрид, денеска и утре ќе се одржи III меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“.
Ќе земат учество клубовите ЈК „Палиќ“, Бродарски клуб „Металац“ – Смедерево, ЈК „Смедерево“ од Србија, „Централен Софиски Јахт клуб“ од Бугарија, „GKZ“ од Полска и ЕК „Снегар“ и „Акватика Јахтинг“ од Република Македонија (се чека потврда за учество и од клубови од Црна Гора и Грција).
Ќе се натпреваруваат во класите Оптимист, ILCA 4 и класата 470, а ќе се едри на регатното поле Градско пристаниште-Канео-Горица 1.
извор: ИнПрес фото: архива