Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре треба да продолжи судскиот процес против адвокатот Менкиноски

Утре треба да продолжи судскиот процес против адвокатот Менкиноски

1 min read
Утре треба да продолжи судскиот процес против адвокатот Менкиноски

Охрид, 25. септември 2023 (ИНПРЕС) – Утре во охридскиот Основен Суд треба да се одржи главниот претрес во случајот против адвокатот Тони Менкиноски.

Тој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.

На претходното рочиште Менкиноски во одбраната го призна фактичкиот настан од 19-ти јануари оваа година, но дека не се чувствува виновен, бидејќи како што рече деке нема прекршено ни еден закон, меѓуароден договор или било каков билатерален договор со истакнување на македонското знаме од Кутлеш. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април.

Тој побара за следното рочиште четири лица од СВР Охрид да бидат повикани и да образложат како е нарушен јавниот ред и мир врз основа на која законска или подзаконска норма се повикуваат на барањето за поведувањ прекршочна постапка.

Менкиноски притоа додаде дека околку во судницата не се појават претставници од СВР Охрид, тој ќе побара ослободителна пресуда.

Инаку на сите досегашни рочишта со развиорени знамиња, скандирања и пеење патриотски песни група граѓани од Охрид, беа пред Основниот Суд во Охрид да му дадат поддршка на Менкиноски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Денеска и утре меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“
Next Во јули во Охрид издадени се 2 одобренија за градба

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.