Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во охридскиот Основен Суд за денеска е закажан главниот претрес во случајот против адвокатот Тони Менкиноски

Во охридскиот Основен Суд за денеска е закажан главниот претрес во случајот против адвокатот Тони Менкиноски

1 min read

Охрид, 26. септември 2023 (InPress) – Во охридскиот Основен Суд денеска треба да се одржи главниот претрес во случајот против адвокатот Тони Менкиноски.

Тој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.

На претходното рочиште Менкиноски во одбраната го призна фактичкиот настан од 19-ти јануари оваа година, но дека не се чувствува виновен, бидејќи како што рече деке нема прекршено ни еден закон, меѓуароден договор или било каков билатерален договор со истакнување на македонското знаме од Кутлеш. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април.

Тој побара за следното рочиште четири лица од СВР Охрид да бидат повикани и да образложат како е нарушен јавниот ред и мир врз основа на која законска или подзаконска норма се повикуваат на барањето за поведувањ прекршочна постапка.

Менкиноски притоа додаде дека околку во судницата не се појават претставници од СВР Охрид, тој ќе побара ослободителна пресуда.

Инаку на сите досегашни рочишта со развиорени знамиња, скандирања и пеење патриотски песни, група граѓани од Охрид, беа пред Основниот Суд во Охрид да му дадат поддршка на Менкиноски. (Крај)

извор: InPress фото: InPress

Post navigation

Previous Свети свештеномаченик Корнилиј стотникот
Next Охрид најубав: 26. септември 2023 година

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.