Охрид, 26. септември 2023 (InPress) – Осигурителната компанија „All Clear“ од Велика Британија објави мапа на светот на која наместо името на државата е наведена туристичката дестинација за која најмногу се интересираат гостите од странство.
Во Република Македонија најмногу туристи ќе најдете во преубавиот Охрид, а во Албанија во Драч. Во Босна и Херцеговина вниманието го привлече Стариот мост во Мостар, додека Црна Гора и Хрватска привлекуваат со својата природна убавина – Которскиот залив и Плитвичките езера. Во Србија, туристите најмногу ја барале црквата Свети Сава.
Картата е генерирана врз основа на податоците од Википедија, односно дестинацијата што туристите (сегашни и идни) во една земја најмногу ја барале на оваа онлајн енциклопедија во последните пет години.
Седумте најбарани ги нарекоа „нови чуда на светот“, а тие се:
Таџ Махал (Индија) – 28.601.383 прегледи
Бурџ Калифа (Обединети Арапски Емирати) – 23.423.701 прегледи
Еверест (Непал) – 22.066.676 прегледи на страници
Статуа на слободата (САД) – 19.851.871 прегледи
Кинески ѕид (Кина) – 17.405.607 прегледи
Ајфеловата кула (Франција) – 17.316.414 прегледи
Мачу Пикчу (Перу) – 14.229.131 прегледи
По Ајфеловата кула во Европа, Саграда Фамилија, импресивните карпи на Мохер во Ирска и античките скапоцени камења – Колосеумот во Рим и Акропол во Атина привлекуваат најголемо внимание.
Мапата на туристички дестинации и најчестите избори на патниците во речиси сите земји во светот погледнете ја овде. (Крај)
извор: Тв21 фото: InPress