Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Истражување: Сѐ уште постојат предрасуди, неопходно е запознавање со важноста на менталното здравје

Истражување: Сѐ уште постојат предрасуди, неопходно е запознавање со важноста на менталното здравје

1 min read
Истражување: Сѐ уште постојат предрасуди, неопходно е запознавање со важноста на менталното здравје

Охрид, 22. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Неопходно е запознавање со важноста на менталното здравје, зголемување на информациите за стручните лица кои нудат услуги за заштита на менталното здравје и почитување на човековите права на сите.

Ова го покажуваат добиените резултати од проектот „И менталното здравје е важно!“, што Црвен крст Охрид го реализираше со поддршка од Општина Охрид во текот на годинава. При тоа се спроведе истражување за ставовите за заштита на менталното здравје на граѓаните на Општина Охрид.

Во истражувањето биле вклучени 144 испитаници, жители на Охрид, најголемиот дел на возраст од 31 до 40 години. Меѓу испитаниците има вработени и невработени, ученици, студенти и пензионери. Речиси изедначен е процентот на оние што имале или имаат и оние што негираат проблеми со менталното здравје.

– Најголем дел од испитаниците, 45,8%, одговориле дека имале или имаат проблеми со менталното здравје, додека 11,8% се изјасниле дека не знаат дали имаат или имале проблеми со менталното здравје. Останатите 42,4% негираат проблеми со менталното здравје. Најголем број од граѓаните на Охрид побарале стручна помош кај психијатар,37,5% и кај психолог 33,3%. Најголем дел испитаници се средно задоволни од достапната психолошка, психијатриска и психотерапевтска поддршка во Охрид, е наведено во извештајот.

Забележливо е дека сѐ уште постојат предрасуди и страв од осуда за посета на стручните служби за превенција на менталното здравје. Па така стравот од осуда од околината, немањето поддршка од фамилијата, но и немањето финансии се наведени меѓу главните причини поради кои граѓаните не побарале стручна помош за нивното ментално здравје.

– Граѓаните кои побарале помош за своето или менталното здравје на нивни блиски доживуваат дека се осудени или обележани од околината, исмејувани поради проблемот. И децата не се поштедени од исмејување од страна на другарите и соучениците поради проблеми кои постојат во нивните домови, стои во резултатите од истражувањето.

Испитаниците ја истакнале потребата за постоење психолошки советувалишта, интерактивни едукации, добивање психосоцијална поддршка и помош, СОС телефонска линија. Граѓаните се едногласни дека услугите за грижа за менталното здравје треба да бидат организирани на начин на кој ќе им бидат достапни на сите.

Во последните неколку години сѐ повеќе се зборува за менталното здравје и за грижата за истото, но релевантните истражувања и секојдневното искуство ни покажуваат и нѐ предупредуваат дека уште многу треба да се стори на ова поле. Сведоци сме на зголемен број лица кои имаат ментално-здравствени проблеми, без разлика на возраста. Доколку не се препознаат навремено и не се обезбеди релевантна стручна помош, овие проблеми и тоа како можат да го нарушат квалитетот на животот на луѓето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се одржа општинско првенство во шах за основни и средни училишта
Next Филмот „Чувари на формулата“ од Драган Бјелогрлиќ во сабота пред охриѓани

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.