Четворица охриѓани државни прваци во бокс

Охрид, 28. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Одлични резултати постигнаа охридските учесници на Државното првенство во бокс што се одржа во Штип.

Вкупно осум боксери од клубот „Алексо Огненовски” се натпреваруваа во категориите пионери, кадети, јуниори и сениори.
Со златни медали, односно со титула државен првак се стекнаа Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Жарко Јакимоски.

По ова, охридските боксери ги очекува следен предизвик. Викендов, на 2-ри декември дел членови од овој клуб ќе учествуваат на Купот Open Balkan во Зрењанин, Република Србија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива