Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вевчани подготвено, започнува Вевчанскиот карневал

Вевчани подготвено, започнува Вевчанскиот карневал

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Вевчани, 12. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Сé е подготвено за годинашното издание на традиционалниот Вевчански карневал, каде вевчанци преку маските со векови наназад „го бркаат злото”.

Вечерва со почеток на музичката програма започнува Вевчанскиот карневал, едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица. Од 19:00 часот настапува DJ Ampov, следен е Јанг Дади, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и групата Нокаут.

Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски друштва од Горна и Долна маала, што ќе се одржи утре во попладневните часови. Тогаш цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосфера.

Утревечер продолжува музичката програма со настапите на Акустик бенд, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани Вевчани, Перо Бели и Коки Биоритам.

Манифестацијата завршува во недела, со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Вевчанскиот карневал, според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Тој е еден од најпознатите брендови на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1.500 години. Постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во тек се подготовките за чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид
Next Во ноември лани во Охрид издадени се 14 одобренија за градба

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.