Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Преку Центарот за развој лани инвестирани околу 64 милиони денари во општините од Југозападниот плански регион

Преку Центарот за развој лани инвестирани околу 64 милиони денари во општините од Југозападниот плански регион

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. март 2024 (ИНПРЕС) – Центарот за развој на Југозападниот плански регион мината година ја заврши успешно, при што најголемиот дел од планираните активности целосно се реализирани, беше потенцирано на 11-та седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.

Во деветте општини што му припаѓаат на регионот (Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа) инвестирани се околу 64 милиони денари во капитални објекти од патната инфраструктура, подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти преку нивна реконструкција, како и искористување на обновливи извори на енергија со поставување, пред сѐ, на фото-напонски централи.

– Согласно резултатите остварени се приходи од околу 104 милиони денари, од домашни, но и меѓународни донатори. Со овие средства во општините од регионот реализирани се вкупно 46 активности со трите стратешки цели од програмата за развој на регионот. Значаен дел од финансиски средства од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, обезбедени преку Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, наменети се за подобрување на услугите за пациентите и условите за работа на персоналот во три капитални здравствени установи од регионов – Болницата за нефрологија во Струга, Болницата за ортопедија „Св.Еразмо“ во Охрид и Болницата за кардиолошки заболувања „Св. Стефан“ во Охрид. Активностите во овие установи течат. Значајно е да се напомене дека во трите од нив се инвестираат околу над 44 милиони денари, информираат од центарот.

На седницата на Советот бил разгледан и усвоен и Акцискиот план за работа на Центарот во тековната година. Потенцирано е дека тежиштето ќе биде ставено на завршување на активностите во трите здравствени установи.

Покрај тоа, започната е и реализацијата на три регионални проекти одобрени преку Бирото за регионален развој со вкупна вредност од 64 милиони денари. Од центарот информираат дека активностите ќе се одвиваат низ цел регион на вкупно 7 локации и 16 објекти. Истите се насочени кон подобрување на патната инфраструктура и зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти преку нивна реконструкција и искористување на обновливи извори на енергија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Д-р Чолакова: Приватните матични лекари во понеделник од 12:00 до 16:00 часот нема да работат
Next ДИК ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот на претседателските кандидати

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.