Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Матичните лекари нема да работат од 12:00 до 16:00 часот, бараат правда за убиениот колега

Матичните лекари нема да работат од 12:00 до 16:00 часот, бараат правда за убиениот колега


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 25. март 2024 (ИНПРЕС) – Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12:00 до 16:00 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.

Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

– Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова — Дервишова.

И Лекарската комора побара итна разрешница на случајот со починатиот лекар.

– Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, наведе Лекарската комора во соопштението испратено во петокот.

Шеесет и седумгодишниот лекар беше пронајден со убодни рани во неговото возило на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното во полиција, лекарот го нашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. (Крај)

извор: Вечер прес фото: архива

Post navigation

Previous Ердоган: Со воз од Анкара до Истанбул за 80 минути
Next Комедијата „Несфатената цивилизација“ во среда по повод Светскиот ден на театарот

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.