Се поставува енергетски ефикасна фасада на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Се поставува енергетски ефикасна фасада на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Охрид, 2. април 2024 (ИНПРЕС) – Деновиве започна поставувањето на нова, енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.

Со овој зафат значително се подобруваат условите во објектот и се намалуваат трошоците поврзани со греење, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на профилот на Фејсбук.

– Дадовме ветување за посветен однос во подобрувањето на условите во сите воспитно – образовни институции и тоа го реализираме. Финансиските средства предвидени за овој зафат изнесуваат 1.564 984 денари, а се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, додава Пецаков.

Градежните работи на објектот опфаќаат целосна реконструкција на фасадата, монтажа на нови гранитни окапници на целото училиште, комплетна промена на олуци, поставување снегобрани и промена на дел од старата дограма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива