Wizz Air почна да лета на релација Скопје-Салцбург

Wizz Air почна да лета на релација Скопје-Салцбург

Скопје, 5. април 2024 (ИНПРЕС) – Унгарската авиокомпанија „Wizz Air“ започна со новата рута од Македонија, поврзувајќи го Скопје со австрискиот град Салцбург.

Летовите во текот на годината ќе има три пати неделно, во понеделник, среда и петок. Цените на билетите почнуваат од 1.229 денари и се достапни на веб страницата на „Wizz Air“ и на мобилната апликација на авиокомпанијата.

– Салцбург, познат по своите живописни пејзажи и богатото културно наследство, ги освојува патниците со својот волшебен стар град, сместен среде воодушевувачките австриски Алпи кои го одземаат здивот. Посетителите можат да се нурнат во родното место на Моцарт, истражувајќи ги добро познатите знаменитости како што се тврдината Хоензалцбург, палатата Мирабел и воодушевувачката катедрала во Салцбург. Живописната уметничка сцена во градот, реномираните фестивали на класична музика и вкусните кулинарски задоволства ветуваат незаборавно искуство за секој патник, соопштија од „Wizz Air“.

Компанијата претходно сообраќаше меѓу Скопје и Салцбург, во 2020 година за време на ковид пандемијата, но беа прекинати откако Австрија забрани влез од голем број земји на Балканот.

Скопје-Салцбург е меѓу четирите нови линии за кои Wizz Air претходно склучи договор за субвенции од Владата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива