Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 20. мај 2024 (ИНПРЕС) – Справувањето со евентуална огнена стихија на потегот кон Св. Наум и во стариот дел на градот и понатаму е болна точка за Охрид како туристички град, особено во текот на летните месеци.
На ова поле засега нема ништо ново, а е важен сегмент во целокупното работење на охридската Територијална противпожарна единица. Командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски вели дека набавка на пловен објект можеби е од најголема итност.
– Знаеме дека Охрид не ист во текот на сезона и вон сезона. Имаме голем проблем особено потегот кон Св. Наум во одредени интервали од денот имаме отежнат, речиси никакаков пристап во случај на пожари и сообраќајни незгоди што се случуваат. Пловниот објект можеби е од најголема итност, првенствено и за безбедноста на граѓаните и туристите. Би требало да се изработи некој проект, надлежните малку повеќе да се ангажираат на тоа поле со цел да успееме во нашите намери, рече Јанкулоски.
За да не се доведеме во ситуација да се случат насакани настани, па дури потоа да почне посериозно да се размислува на оваа тема, надлежните посериозно да ја разгледаат потребата од набавка на вакво пловило за Охрид како сериозна туристичка дестинација. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
