Ново детско игралиште доби и Велгошти

Ново детско игралиште доби и Велгошти

Охрид, 5. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Деновиве заврши иградбата на ново детско игралиште во дворот на училиштето „Живко Чинго“ во село Велгошти, во делот каде што е сместена детската градинка.

– Континуирано работиме на подобрување на условите за најмладите. Игралиштето е опремено со најсовремени реквизити за забава и гумирана подлога согласно безбедносните стандарди, напиша на профилот на Фејсбук градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива