Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре ќе се одржи третиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024

Утре ќе се одржи третиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024

1 min read

Охрид, 7. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Утре во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи Третиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024.

– Oва е трет ваков хуманитарен турнир кој прераснува во една убава традиција, како одлична можност за децата на возраст од 9 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух. Турнирот ќе се игра на 8-ми јуни на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда. На турнирот ќе настапуваат деца од три категории и тоа: прва категорија за деца до 9 годишна возраст, втора категорија од 10-11 годишна возраст, трета категорија за деца од 12-13 годишна возраст и четврта категорија за деца од 14-15 годишна возраст. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од три лица, во која можат да учествуваат машки и женски екипи или екипи со мешан состав, без никаков надомест, информираат организаторите.

Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и традиционално во Центарот за аутизам во Охрид. За најуспешните три екипи се обезбедени вредни награди од главниот покровител на настанот, а секој учесник ќе добие капа и маичка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Делови од Охрид без вода поради два дефекти на водоводната мрежа
Next Пет охридски боксери утре настапуваат во Тетово на 3. коло од Првата и младинска лига

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.