Охрид, 10. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Наставата од учебната 2023/2024 година, денеска, 10-ти јуни, завршува за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште една недела, односно последен училишен ден за нив понеделник, 17- ти јуни.
Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација и работата за оваа учебна година што им се доставени на училиштата.
Учениците од основните и средните училишта од оваа учебна година имаа и пролетен распуст, што го користеа од 29-ти април до 6-ти мај. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес