June 17, 2024

Охрид, 17. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Животната средина, УНЕСКО и развојот на Охрид беа теми во фокусот на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецков со американската амбасадрока во земјава Анџела Агелер.

Експертите кои подолг период престојуваат во Охрид и притоа имаат остварено средби со засегнатите страни во менаџментот на Охридското Езеро, владини претставници, експерти, како и со невладини и граѓански организации, изразија позитивни видувања за придвижувањето кон позитивна насока на заштитата на езерото. Сето ова е потврда дека Општина Охрид се движи во посакуваниот и правилниот правец, напиша на профилот на Фејсбук градоначалникот Пецаков.

– Ја информирав амбасадорката дека во тек се неколку проекти од оваа област, како и за проектите за кои е изготвена потребната документација и за кои се чека обезбедување на финасии, како што се изградба на пречистителна станица Трпејца и изградба на канализациона мрежа долж охридското крајбреже до Св. Наум. Исто така, разговаравме и за напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО. Тука потенцирано беше дека Охрид предничи во реализацијата на препораките, додека другите засегнати општини доцнат, потенцира Пецаков.

Тимот на екпертите и амбасадорката изразиле поддршка за посветеноста на Општина Охрид и за целосноата посветеност во имплементирањето на препораките, како и за посветеноста во реализација на проекти клучни во заштитата на Охридското Езеро и животната средина. Амбасадорката Агелер истакна дека Општината ја има и ќе ја има поддршката од американската амбасада за посочените проекти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива