Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • УНЕСКО, животната средина и развојот на Охрид во фокусот на средбата Пецаков – Агелер

УНЕСКО, животната средина и развојот на Охрид во фокусот на средбата Пецаков – Агелер


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 17. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Животната средина, УНЕСКО и развојот на Охрид беа теми во фокусот на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецков со американската амбасадрока во земјава Анџела Агелер.

Експертите кои подолг период престојуваат во Охрид и притоа имаат остварено средби со засегнатите страни во менаџментот на Охридското Езеро, владини претставници, експерти, како и со невладини и граѓански организации, изразија позитивни видувања за придвижувањето кон позитивна насока на заштитата на езерото. Сето ова е потврда дека Општина Охрид се движи во посакуваниот и правилниот правец, напиша на профилот на Фејсбук градоначалникот Пецаков.

– Ја информирав амбасадорката дека во тек се неколку проекти од оваа област, како и за проектите за кои е изготвена потребната документација и за кои се чека обезбедување на финасии, како што се изградба на пречистителна станица Трпејца и изградба на канализациона мрежа долж охридското крајбреже до Св. Наум. Исто така, разговаравме и за напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО. Тука потенцирано беше дека Охрид предничи во реализацијата на препораките, додека другите засегнати општини доцнат, потенцира Пецаков.

Тимот на екпертите и амбасадорката изразиле поддршка за посветеноста на Општина Охрид и за целосноата посветеност во имплементирањето на препораките, како и за посветеноста во реализација на проекти клучни во заштитата на Охридското Езеро и животната средина. Амбасадорката Агелер истакна дека Општината ја има и ќе ја има поддршката од американската амбасада за посочените проекти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Со еко акција и бесплатно возење на суп и кајак, SUP Club Ohrid ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро
Next Апликацијата TrashPinger за детекција на отпад и пријавување диви депонии достапна за преземање

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.