Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Локална Самоуправа
  • Повторно функционира паркингот на кеј „Македонија“

Повторно функционира паркингот на кеј „Македонија“

Повторно функционира паркингот на кеј „Македонија“

рампи паркинг центар Охрид кеј „Македонија“

Охрид,1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве повторно е ставен во функција паркингот на кеј „Македонија“, со што е на сила сообраќајниот режим со кој е дозволен моторен сообраќај и паркирање на улица „Кеј Македонија“.

Пред хотелот „Палас“ е вратен пунктот за наплата и рампата. Станува збор за потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресекот на „Кеј Македонија“ со „Ванчо Николески“, потег на кој е дозволен сообраќај, како и паркирање.

Со поставувањето на рампата е затворен системот за наплата од маркет „Тинекс“, кружна крстосница и „Палас“. Сообраќајот ќе се одвива во една насока, од кружната крстосница кон хотелот „Палас“.

Ваков сообраќаен режим имаше и претходно, а пред почетокот на летната сезона беше воведена забрана за секаков вид на моторен сообраќај на овој дел од улица „Кеј Македонија“ по што истиот беше наменет за движење на пешаци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Пријава за раководител на ПШС „Галичица“ и уште едно лице поради сеча на дабово дрво
Next Охриѓанецот Пајак ќе настапи на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show во Скопје

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.