Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Здравје: Сакате да го подобрите здравјето на мозокот? Почнете да јадете од ова овошје и зеленчук

Здравје: Сакате да го подобрите здравјето на мозокот? Почнете да јадете од ова овошје и зеленчук

1 min read

Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повеќето луѓе знаат која храна треба да ја избегнуваат за поздраво срце, но важно е да се внимава на храната која негативно влијае на мозокот.

Научно е докажано дека исхраната може да влијае на здравјето на мозокот.

– Мозокот сочинува околу 2 отсто од нашата телесна тежина, но троши околу 20 отсто од калориите. Мозокот користи повеќе калории од кој било друг орган во нашето тело, така што она што го јадеме може да има големо влијание врз нашиот мозок, вели експертот за развојна функционална неврологија и аутизам, д-р Robert Melillo.

Редовното консумирање храна која не е добра за здравјето на мозокот може да има негативни последици врз телото и мозокот. Нездравата исхрана може негативно да влијае на цревната микробиота, да доведе до воспаление и потенцијално да влијае на мозокот. Дебелите луѓе, од кои повеќето имаат нездрав цревен микробиом, се изложени на значителен ризик да развијат Алцхајмерова деменција.

Значи, која храна е најкорисна за здравјето на мозокот? Експертите откриваат неколку одлични опции за кои тврдат дека можат да помогнат да се спречи развојот на деменција.

Авокадо

Авокадото содржи здрави мононезаситени масти, а експертите објаснуваат дека овие масти помагаат во намалувањето на васкуларните болести и обезбедуваат одлична енергија за мозокот без проблеми поврзани со едноставни јаглехидрати или заситени масти.

Брокула

Без разлика дали сакаме брокула на пареа, подготвена во вок тава или како зеленчук во нашите смути, можеби ќе треба да најдеме повеќе начини да уживаме во овој зеленчук. Брокулата содржи соединенија како сулфорафан, кои се поврзани со намалување на воспалениејата и подобрување на здравјето на мозокот.

Боровинки

Ако сакаме да додаваме боровинки во нашите оброци, нашиот мозок ќе ни биде благодарен. Боровинките содржат флавоноиди кои се невропротективни и се покажаа како корисни за зголемување на невропластичноста и церебралниот проток на крв.

Зелен лиснат зеленчук

Познато е дека зелениот лиснат зеленчук е одличен за здравјето на цревата, што ги прави одлични и за здравјето на мозокот. Затоа, лекарите и нутриционистите ги поттикнуваат пациентите да јадат повеќе зелен лиснат зеленчук, бидејќи тие се богати со хранливи материи. Зелениот лиснат зеленчук, како спанаќот и кељот се богати со витамини, минерали и антиоксиданси кои се добри за мозокот.

Ѓумбир

Ѓумбирот се користи за здравјето на мозокот, во свежа форма или во прав. Се покажа дека ѓумбирот ја подобрува когнитивната функција. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

Post navigation

Previous ДЗС: Инфлацијата преку индексот на трошоците на животот во септември е зголемена за 0,3 %
Next Се зборува на Facebook: Становите повторно поскапеа, не стивнува побарувачката, Охрид меѓу најатрактивните градови

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.