Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Министерството за локална самоуправа во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам

Министерството за локална самоуправа во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам

1 min read
Министерството за локална самоуправа во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам

ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“

Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во среда во Охрид, Министерството за локална самоуправа (МЛС) ќе ги презентира резултатите на инфраструктурната поддршка насочена кон унапредување на здравствените услуги и здравствениот туризам.

Презентацијата го опфаќа опремувањето на современиот центар за физикална терапија во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и реконструкцијата во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ Охрид, достигнувања овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија. Ќе се одржи во среда, на 9-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот, во болницата „Св. Еразмо“, а во 13:20 часот ќе се посети објектот на специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид.

Според најавите, на настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, директорите на установите, д-р Харалампие Шокароски и д-р Билјана Теговска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Охрид за првпат домаќин на West Balkan football children’s cup
Next Становите повторно поскапеа, не стивнува побарувачката, Охрид меѓу најатрактивните градови

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.