Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Промоција на стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски во КИЦ Скопје

Промоција на стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски во КИЦ Скопје

1 min read
Промоција на стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски во КИЦ Скопје

Стихозбирка „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски

Скопје/Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, вечерва од 19:30 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски.

Книгата е во издание на „ПНВ Публикации“, а низ разговор со авторот ќе ја претстави Јулијана Величковска.

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски (1959 година, село Велестово, Охрид) завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и претседател на „Поетска ноќ во Велестово“, бил претседател на Управниот одбор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Член е на ДПМ, на македонскиот ПЕН Центар и на академијата „Анте Поповски“. Автор е на деветнаесет стихозбирки, на шест книги за деца, на книги есеи и активно препејува. Негови поединечни песни и поетски циклуси преведени се на над триесетина јазици, а 19 одделни книги му се преведени на англиски, руски, српски, турски, шведски, хрватски, полски, азерски, бугарски и други јазици. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Антево перо“, „Григор Прличев“ за најдобра поема, Гран-при „Исток-запад“ (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и други. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.

Изданието на стихозбирката „Грозје од кукавица“ е поддржано од Министерството за култура и беше во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

Post navigation

Previous На денешен ден е роден светски познатиот научник со Вевчански корени Михајло Пупин
Next Охридски Жито Леб целиот денешен промет ќе го донира за лекување на нашата Бојана

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.