Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • На денешен ден е роден светски познатиот научник со Вевчански корени Михајло Пупин

На денешен ден е роден светски познатиот научник со Вевчански корени Михајло Пупин

1 min read
На денешен ден е роден светски познатиот научник со Вевчански корени Михајло Пупин

Михајло Пупин во Охрид

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како едно од десетте деца во сиромашно селско семејство од Идвор, од татко Константин и мајка Олимпијада, на денешен ден во 1854 година е роден светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата.

Според потомците на родот Пупин, тој има македонски корени. Семејството се доселува во Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови.

Михајло Пупин бил професор по физика и математика на Колумбија во САД, го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжил со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За своето автобиографско дело „Од имигрант до пронаоѓач“ посмртно ја добил Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење за својата научна работа.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

На почетокот студирал со стипендија по математика и теориска физика во Кембриџ, Англија. Потоа, откако добро ги проучил делото на Максвел, продолжил да студира физика во Берлин. Соработката со Херман Хелмхолц, кај него уште повеќе ги развила желбите и способностите за експериментирање. Под негово менторство докторирал со одличен успех, на тема „Осмотскиот притисок и неговиот однос кон слободната енергија“.

Како доктор на науки, во 1889 година Михајло Пупин се вратил во Њујорк и станал професор по математичка физика на Катедрата за електротехника и управник на Електротехничкиот институт на универзитетот Колумбија.

Покрај разните одликувања, му биле доделени дури 18 почесни докторати на разни универзитети. Пупин бил член на повеќе академии на науки и претседател на Академијата на науките во Њујорк. Со светска слава се здобил и со неговото автобиографско дело „Од имигрант до пронаоѓач“ за која ја добил најугледната американска награда за книжевност, Пулицеровата награда.

Михајло Пупин имал особена љубов кон Македонија и Охрид, каде подарил црковно ѕвоно, а основал и фонд за помош на сиромашното население.

Во 1914 година, во рамките на САНУ, ја формирал фонадацијата „Олимпија Пупин“ и давал голема помош на сиромашни деца од тогашна Вардарска Македонија, меѓу кои имало и ученици од Охрид. Помогнал во изградбата на училиштето во стариот дел од Охрид каде што денеска е сместена музејската администрација, а ја изградил и камбанаријата во црквата „Света Богородица Перивлепта“ попозната како „Стар Свети Климент“, за која го донирал тогаш најголемото ѕвоно на Балканот.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Покрај црквата, во 2016 година, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Охрид Св. Климент Охридски – Чудотворец, беше откриена информативна спомен плоча во чест на донаторот на црковното звоно – Михајло Пупин.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Целосно обновената спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин, се наоѓа во Вевчани, a освен што е сместувачко-угостителски објект, со музејската поставка ги отсликува животот и делото на Пупин. Куќата која се наоѓа во Горно маало е во сопственост на Стеван Пупин, кој живее во Белград.

Почина на 12-ти март 1935 година во Њујорк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous МЛС денеска во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам
Next Промоција на стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски во КИЦ Скопје

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.